Божикен концерт: Најубавите композиции на руската класична музика
Во Скопје, Македонската филхармонија го одржа традиционалниот Божикен концерт. Годинава во знакот на руската класична музика...

Се разлеаjа звуците на Оревокршачка од Чајковски, Валс фантазијата од Глинка, Половецките танци од Бородин. Публиката празнично уживаше во дел од најубавите композиции на руската класична музика на традиционалниот Божикен концерт на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Саша Николовски- Ѓумар.
Директорката на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ најавува атрактивна програма. Меѓу другото, грандиозното дело од Малер, Симфонијата број 5, една од најдобрите симфонии воопшто, која во Македонија не се памети кога била изведена последен пат.
Македонската филхармонија кон крајот на јануари ќе го изведе концертот „Танц на судбината“ со Мартина Фиљак од Хрватска на пијано и маестро Емил Табаков како диригент.
Филхармонијата не ги заборава и најмладите. Ќе бидат изведени и детските симфониски концерти, не само во Скопје туку и во другите градови во државава. Сезоната на Македонската фихармонија завршува во јуни, во градскиот парк, со мултимедијалниот традиционален спектакл.
Александра Перевска
