Пожарите во Австралија продолжуваат да беснеат
08.01.2016 12:02
Градот Јарлоп кој има историско значење речиси целосно е пеплосан, соопштуваат локалните власти.

Продолжуваат да беснеат пожарите во Австралија. 95 куќи се целосно уништени, 3 лица се водат за исчезнати. Градот Јарлоп кој има историско значење речиси целосно е пеплосан, соопштуваат локалните власти.
„Пожарот продолжува да се шири и е надвор од контрола. Со точност неможам да кажам колку куќи се уништени, но точно не можам да кажам но уништени се и голем број фабрики и објекти“, вели Вејн Грегсон.
Пламените јазици достигнуваат до 50 метри. Противпожарните екипи се борат со огнената стихија, но ветровите од 60 километри на час им ја отежнуваат работата. Четворица пожарникари се повредени.
