Расте тензијата меѓу Северна и Јужна Кореја
Oфицијален Сеул на границата со северниот сосед повторно почна со емитување на пропаганда против Пјонгјанг, откако беше извршена пробата на хидрогенската бомба од Пјонгјанг.

Тензијата меѓу Северна и Јужна Кореја постојано расте. Официјален Сеул на границата со северниот сосед повторно почна со емитување на пропаганда против Пјонгјанг, откако беше извршена пробата на хидрогенската бомба од Пјонгјанг. Со 11 звучници се емитуваат популарни корејски песни, светски вести и критики кон државното уредување на Северна Кореја.
„Северна Кореја го прекрши договорот од 25-ти август кој требаше да ги намали тензиите меѓу двете земји. Бидејќи нашиот сосед го прекрши договорот и продолжи со нуклеарните проби, ние веднаш ќе преземеме мерки“, вели Џеонг Јон-Хи, потпарол за обединување, Јужна Кореја.
Воедно, Сеул ги подигна мерките за безбедност на највисоко ниво.
