Откупени 8.077 тони тутун, просечна цена - 186 денари по килограм

08.01.2016 12:48

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 83,15% или за родот од 2016-та година досега се исплатени 1.251.127.080 денари.

За нецели четири недели од почетокот на откупот на тутунот деветте откупувачи, заклучно со 5-ти јануари 2016 година, откупени се вкупно 8.077.918 килограми тутун од годинашната реколта. Просечната откупна цена изнесува 186 денари по килограм, што е речиси 70 денари повеќе од ланската просечна откупна цена (117 денари), соопштуваат од Министерството за земјоделство.

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 83,15% или за родот од 2016-та година досега се исплатени 1.251.127.080 денари.

Откупот се врши на вкупно 186 ваги на 152 откупни места, а динамиката тече без проблем и според договорите меѓу тутунопроизводителите и откупувачите.

Инаку, според првичните проценки, од реколта 2015, се очекува да бидат откупени околу 25.000 тони тутун.