Средба Ахмети- Коѕијас во Атина

08.01.2016 13:12

Како што најавуваат повеќе медиуми, но и од кабинетот на Ахмети, главна тема ќе бидат разликите околу името меѓу двете држави, како и продолжувањето на соработката со искористување на прекуграничните фондови на ЕУ.

Средба во Aтина меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговиот домаќин, грчкиот министер за надворешни Никос Коѕијас. Како што најавуваат повеќе медиуми, но и од кабинетот на Ахмети, главна тема ќе бидат разликите околу името меѓу двете држави, како и продолжувањето на соработката со искористување на прекуграничните фондови на ЕУ.

Во делегацијата на ДУИ се и Муса Џафери и Фатмир Бесими, како и пратеникот Артан Груби.

Од МНР на Република Македонија оценуваат дека станува збор за меѓупартиска средба, на која не присуствува нашиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов.