Нова градинка во Општина Аеродром
Надлежните најавуваат дека изградбата, која ќе трае во наредните 6 месеци, ќе почне во февруари годинава. Таа ќе згрижува 250 деца од предшколска возраст.

Нова детска градинка ќе биде изградена во Општина Аеродром. Oбјавен е тендер за изведувач. Надлежните најавуваат дека изградбата, која ќе трае во наредните 6 месеци, ќе почне во февруари годинава. Таа ќе згрижува 250 деца од предшколска возраст.
Градинката ќе се гради во рамки на клонот „Чекорче“, во населбата Јане Сандански.
Објектот ќе содржи 6 големи занимални на приземје и три на кат, односно вкупно 9 занимални. Исто така ќе има и простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории. Целиот објект ќе биде на површина од 1.700 метри квадратни.
Објектот ќе биде енергетски ефикасен, а материјалите за изградба ќе бидат еколошки прифатливи.
