Одложено формирањето на Анкетната комисија за фалсификуваните лични карти
08.01.2016 15:01
Членовите на Комисијата за избори и за именувања од СДСМ, побараа точката да се отстрани од дневниот ред

Одложено формирањето Анкетна комисија за скандалот со фалсификувани лични карти. Членовите на Комисијата за избори и за именувања од СДСМ, побараа точката да се отстрани од дневниот ред, зашто како што рекоа, тие немаат намера да учествуваат во работата на Анкетната комисија.
Претседавачот со комисијата, Трајче Димков, само го одложи формирањето за да им остави простор на партиите да предложат свои кандидати што би членувале во ова тело.
