Коцијанчич: Хан во Македонија кон средината на јануари, договорот мора да се исполни

08.01.2016 15:04

Нема промена кога станува збор за намерата на еврокомесарот Хан да ја посети Македонија. Очекуваме дека посетата ќе се случи во средината на јануари...

Јунско- јулскиот политички договор меѓу партиите мора да се исполни, оцени од Брисел портпаролката на еврокомесарот Хан, Маја Коцијанчич. Австрискиот дипломат, кон средината на месецов уште еднаш во посета на земјава.

„Нема промена кога станува збор за намерата на еврокомесарот Хан да ја посети Македонија. Очекуваме дека посетата ќе се случи во средината на јануари. Кога сите детали ќе се потврдат, ќе соопштиме. Намерата е да се разговара за спроведувањето на политичкиот договор од јуни-јули што е од исклучително значење за земјата“, рече портпаролката Маја Коцијанчич.