Запленети милион ипол евра во чекови

21.01.2014 14:53

Вчера на граничниот  премин Богородица специјалните царински единици во соработка со царинските службеници запленија 124 чека со вредност од 1.443.565 евра.  Чековите се откриени кога за влез во Република Македонија се пријави патничко моторно возило со грчки регистерски ознаки, управувано од грчки државјанин. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто за пријавување, осомничениот  одговорил дека во себе носи 500 евра, но при извршена контрола, во чантата на грчкиот државјнаин се пронајдени 124 чека со вредност од 1.443.565 евра.

Вчера на граничниот  премин Богородица специјалните царински единици во соработка со царинските службеници запленија 124 чека со вредност од 1.443.565 евра.  Чековите се откриени кога за влез во Република Македонија се пријави патничко моторно возило со грчки регистерски ознаки, управувано од грчки државјанин. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто за пријавување, осомничениот  одговорил дека во себе носи 500 евра, но при извршена контрола, во чантата на грчкиот државјнаин се пронајдени 124 чека со вредност од 1.443.565 евра. Откако чековите биле откриени, лицето изјавило дека е сопственик на фабрика во Грција  и дека во Македонија патува службено со цел да оствари контакти за набавка за потербите на фабриката. Но поради тоа што чековите не се соодветно пријавени ниту е приложена потербна документација за истите, чековите се привремено задржани и депонирани во Трезор на Народна банка на Република Македонија.