Ќе се гради нова детска градинка во Општина Аеродром
Нова детска градинка ќе биде изградена во Општина Аеродром. Објавен е тендер за изведувач. Надлежните најавуваат дека изградбата, која ќе трае во наредните 6 месеци, ќе почне во февруари годинава. Таа ќе згрижува 250 деца од предшколска возраст.

Нова детска градинка ќе се гради во Општина Аеродром. Објавен е тендер. Во втората половина на февруари треба да почнат граджените работи. Во август 250 деца треба да бидат згрижени во новиот објект. Градинката е во населбата Јане Сандански.
„Ова е втора градинка што ќе се гради годинава, инаку ќе биде трета градинка во последните три години што ја гради Општина Аеродром во соработка со Министерството за труд и социјална политика“, изјави градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски.
Надлежните информираа дека нови детски градинки се градат во Горно Лисиче, Ѓорге Петров, Бутел. Во изминативе 3 години се отворени над 35. Според заменик - министерот Спасов, на почетокот на феруари е планирано да се објавуви јавен повик за поттикнување приватни инвеститори за отворање приватни детски градинки.
„На почетокот од февруари ќе почне примената на новата мерка - грант од 10.000 евра за отворена приватна градинка, со минимум четворица вработени и капацитет за 40 деца, со која треба да се зголеми бројот на детски градинки“, изјави заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
До крајот на оваа година треба да бидат отворени 35 детски граднки во кои ќе бидат згрижени околу 500 деца.
Наташа Јанчиќ
