Груевски: Ќе се формира центар за трансплантациска медицина

08.01.2016 15:09

Вредноста на проектот изнесува 64 милиони денари. Центарот ќе биде сместен во болницата „8-ми Септември“ во Скопје.

Ќе се формира центар за трансплантациска медицина и хируршки болести. Ова е решено на последната седница на Владата, а во Центарот за пресадување органи ќе работат врвни експерти, искусни членови од МАНУ и млад персонал.

„Законот предвидува да се формира Центар за трансплантации во кој ќе влезат најдобрите научници, академици од МАНУ, врвни лекари, но и млад кадар кој ќе се обучува и каде ќе се врши трансплантација на  бубрег, срце и на црн дроб“, изјави премиерот Груевски.

Посочи дека на последната седница на Владата е прифатен Законот за формирање Центар за трансплантација и е испратен до Парламентот. Усвоена е и програмата за трансплантација на бубрег, срце и црн дроб.

Вредноста на проектот изнесува 64 милиони денари. Центарот ќе биде сместен во болницата „8-ми Септември“ во Скопје.