Растот на извозот покажува дека економијата се движи во добар правец

08.01.2016 15:54

Годинава се очекуваат подобри резултати, пред сѐ како резултат ефектите од влезот на новите странски инвеститори. Ова, пак, отвора повеќе работа за домашните компании.

Во деветте месеци од 2015-та, извозот се зголемил за 11 проценти. Годинава се очекуваат подобри резултати, пред сѐ како резултат ефектите од влезот на новите странски инвеститори. Ова, пак, отвора повеќе работа за домашните компании.

Премиерот Никола Груевски изјави дека очекува годинава да продолжи растот на извозот со исто или поголемо темпо од минатогодишното. Според него, растот на извозот покажува дека економијата се движи во добар правец, а Владата, како што нагласи, продолжува со поддршка на стопанството.

Со доѓањето на новите компании, но и со добрите услови за домашните компании што се даваа, се даваат и ќе се даваат, и понатаму се нуди сериозен потенцијал на нашите компании да прават големи профити и нив да ги инвестираат во нови работни места, нови капацитети и зголемување на извозот, потенцира премиерот Груевски.