Промовирани нови 30 наслови од „Врвови на светската филозофија, историја и психологија“

08.01.2016 16:18

Психологијата од емпириска гледна точка од Франц Брентано, Јас и ти од Мартин Бубер, Балканските економии од Мајкал Паларет се само дел од насловите кои се промовираа. Овие дела до сега не беа достапни на македонски јазик.

30 нови наслови од едицијата „Врвови на светската историја, филозофија и психологија со психоанализа“ од денеска им стојат на располагање на љубителите на пишаниот збор. Македонскиот клуб на читатели ќе може да се запознае со размислувањата, истражувањата и научните достигнувања на светски познатите автори како Фројд, Августин, Фихте, Чалмерс.

Психологијата од емпириска гледна точка од Франц Брентано, Јас и ти од Мартин Бубер, Балканските економии од Мајкал Паларет се само дел од насловите кои се промовираа. Овие дела до сега не беа достапни на македонски јазик.

Со новите книги се заокружува бројката 100 објавени дела од вкупно 366 капитални публикации колку што опфаќа проектот. Како што истакнаа промоторите, едицијата претставуваат солидна основа на која студентите и постдипломците ќе ги надоградуваат своите научни трудови.

 

Анита Димитријевска