Одложено е формирањето на Анкетата комисија за случајот „Фабрика за афери“

08.01.2016 16:26

СДСМ најави бојкот на иницијативата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија велат дека мнозинството сака да го дефокусира вниманието од другите проблеми, владечаките партии бараат да се дојде до одговорните за скандалот...

Пратениците од СДСМ најавуваат бојкот на Комисијата, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во интерес на граѓаните е да се дознае кој стои зад скандалот со фалсификуваните лични карти и пасоши.

Комисијата за избори и именувања ја одложи расправата за формирање и избор на членови на ова тело за понеделник. Социјалдемократите се решителни во намерата да не учествуваат во работата на ова тело.

Илија Димовски рече дека е во интерес на граѓаните да се дојде до политичка одговорност за тоа кој фалсификувал лични карти, украл идентитети на 120.000 граѓани и фалсификувал бугарски, турски и македонски пасоши.

Од ДУИ повикуваат опозицијата да не ги драматизира работите и сите одлуки да се носат во интерес на граѓаните.

Во понеделник ќе се знае дали и во кој состав ќе се формира Анкетната комисија. Според информации од ВМРО-ДПМНE, ДУИ и ДПА веќе доставиле кандидати за членови на ова тело.

 

Игор Панов