Стартува модернизацијата на патарините
Со почетокот на изградбата на новата електронска наплатна станица кај Романовце стартува модернизација на патарините која ќе чини 18,7 милиони евра. Инвестициите треба да го олеснат сообраќајот - со нови ленти да се елеминираат тесните грла...

Се модернизираат патарините, се воведува нов начин на наплата. Новите инвестиции во патната инфраструктура треба да помогнат за зголемување на ефиксноста и побрз проток. Инвестицијата е тешка 18,7 милиони евра. Проектот опфаќа модернизирање на патарините долж Коридорот 10 и изградба на нови. Реконструкцијата на патарината во Романовце се очекува да заврши во јуни, ќе се прошири од пет на десет ленти. Надлежните велат дека новиот проект ќе овозможи да се елиминираат сите злоупотреби, но и да се намалат тесните грла.
Ќе се градат две наплатни станици кај Демир Капија и Гевгелија. Патарините во Романовце и Градско ќе бидат преместени на нова локација, а ќе се реконструираат трите постоечки наплатни станици Петровец, Сопот и Отовица. Ќе се воведе електронски систем за плаќање преку смарт картици во припејд и постпејд форма.
Во 2016-та ќе се реконструира автопатот Скопје- Куманово, во план е со 373 милиони евра да се изградат 168 километри автопат.
Дијана Ценевска
