Нова странска инвестиција во Кочани
Американската автомобилска групација „Амфенол“ ќе инвестира во Македонија. Нејзините планови се во наредните пет години да вработи 1.500 луѓе од Кочани, Виница, Пробиштип и Делчево.
Компанијата во Македонија во помал обем веќе работи во изминативе три и пол месеци во изнајмен погон на компанијата Атом од Кочани и моментално вработува околу 70 луѓе, но како што рече претставникот и главен менаџер Џон Тренор, задоволни се од бизнис-климата во Македонија и затоа се решиле за нова инвестиција.

Во првата фаза ќе вложат шест милиони евра, а потоа дополнително ќе вложуваат зависно од инвестициските фази.
Само оваа година планираат бројот на вработени да достигне од 250 до 350 луѓе.
Се работи за глобална компанија која работи во повеќе земји од светот и во Кочани ќе произведува кабли за сигурносни делови во автомобилската индустрија.
Тренор истакна три клучни причини за оваа инвестиција на македонскиот пазар: квалитетната работна сила, поддршката од владините институции, како и леснотијата за водење бизнис.
Премиерот Никола Груевски истакна дека првичните контакти со „Амфенол“ се направени на едно од роуд- шоуата во САД и дека оваа инвестиција ќе биде од големо значење за домашната економија.
Мартин Пушевски