Отворена фабрика за производство на чипс во Битола

09.01.2016 16:22

Во присуство на премиерот Никола Груевски во битолското село Кравари отворена првата македонска фабрика за производство на чипс од свеж компир. Ивестицијата вредна околу три милиони евра е на нашиот повратник од Австралија, Горданчо Мирчевски. На почетокот се вработени 40 луѓе, а за две години бројката на нововработени ќе достигне 100 лица.

Во погоните на фабриката „Стиза“ прв капацитет од ваков вид во земјава произведени првите количини на македонскиот чипс од свеж компир. Инвестицијата вредна околу три милиони евра е на нашиот повратник од Австралија, Горданчо Мирчевски. Производниот процес започна со 40 луѓе, а во следните две развојни фази бројот на нововработените ќе достигне 100 лица од најразлични профили.

„Посебно сум задоволен што сме првите производители на македонски чипс од свеж компир и што со нашата инвестиција четириесетина невработени обезбедија егзистенција а ги имаме од различни профили од технолози, електричари, општи работници до магистри, првенци на генерација“, рече сопственикот Горданчо Мирчевски.

Инвестицијата има посебно значење затоа што ја носи човек што одамна си заминал од родната грутка, но никогаш не го напушти желбата да се врати и тука да отпочне свој бизнис. Ова е типичен пример како ниту далечината ниту високите стандарди на напредните земји не ги одтргнаа од помислата кон татковината, па затоа на сите оние што сакаат да отворат свој бизнис ние како влада сме тука да им помогнеме преку стимулативните мерки, рече премиерот Никола Груевски.

„За жал многу нашинци кои во минатото своите тешко спечалени пари сакаа да ги инвестираат во татковината наидуваа на низа потешкотии. Ние како влада презедовме низа мерки тоа да се измени и еве ги гледаме резултатите“, рече премиерот Никола Груевски.

Новата инвестиција од голем бенефит за земјоделците, посебно производителите на компири затоа што се работи за огромни количина на сировина што може да се откупи и преработи.

Оваа современа машина на час преработува околу 500-тини килограми компири или 120 килограми готов производ.

Солиден че биде и бројот оние што ќе имаат можност за индиректна соработка а сето тоа ќе стави нова алка во синџирот на локалниот економски развој.

„Оваа инвестиција покажува дека подеднакво водиме сметка и за развој на руралните места, очекувам земјоделците производители на компири да си го најдат својот интерес и сигурен пласман“, рече министерот задолжен за странски инвестиции Бил Павлевски.

„Очекувам и други наши иселеници после оваа инвестиција да дојдт и да отворат свој бизнис“, рече градоначалникот Владимир Талески.

Македонскиот чипс на почетокот ќе биде пласиран на домашниот пазар, а за скоро време сопственикот се надева да се најде во продавниците и на нашинците трговци во Австралија.

 

Стевче Митревски