Почина Дејвид Боуви
11.01.2016 10:17
Смртта на Боуви доаѓа само неколку дена откако во петокот го објави својот последен албум „Блекстар“.

Светската музичка легенда, Дејвид Боуви, почина на 69 годишна возраст, по 1,5 годишна борба со ракот. Веста за неговата смрт ја потврди синот Данкан Џоунс, кој од медиумите во Британија побара да ја почитуваат семејната приватност.
Боуви починал мирно, во кругот на семејството. Смртта на Боуви доаѓа само неколку дена откако во петокот го објави својот последен албум „Блекстар“.
Боуви беше британски пејач, текстописец, инструменталист, продуцент, аранжер, актер, присутен на сцената повеќе од четири децении.
