Нова програма за рурален развој вредна над 33 милиони евра

11.01.2016 10:21

Владата треба да ја донесе новата програма за рурален развој во износ поголем од 33 милиони евра. Земјоделството со помош на оваа програма секоја година ја зголемува конкурентноста во производството и го подобрува животот во руралните средини.

Подигнување на нови лозови и овошни насади, набавка на добиток, механизација, системи за наводнување и поддршка на млади земјоделци се дел од мерките кои и оваа година ќе се ко-финансираат преку програмата за рурален развој.

Покрај зголемувањето на конкурентноста на земјоделските стопанства се обезбедуваат и финансии за нови локални патишта, водоводи и инфраструктурата во руралните подрачја.

Програмата е правена согласно потребите на земјоделците во соработка со нивните здруженија и во неа ќе влезат проекти кои се веќе започнати или се во тек на реализација.

 

Методија Трајков