МВР: За 24 часа издадени 830 потврди за азил
Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 18.712 странски државјани, од кои 7.838 се од машки пол, 3.958 се од женски, 6.841 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 75 деца кои патуваат без родител.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 830 странски државјани, од кои 376 се од машки пол, 169 се од женски и 285 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан- 424, Сирија- 320 и Ирак- 86.
Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 18.712 странски државјани, од кои 7.838 се од машки пол, 3.958 се од женски, 6.841 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 75 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-7.904, Авганистан-6.990 и Ирак-3.818.
Од почетокот на 2016-та до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.
