Се стабилизира берзанската цена на суровата нафта
Причини за ваквите движења на цената се сериозниот скок на американските резерви на бензин, и загриженоста на аналитичарите за можната побарувачка на кинеската економија, по повторната девалвација на јуанот, што предизвика загриженост за економскиот раст на скоро сите азиски економии.

Прекумерната понуда и слабата побарувачка, ја стабилизираа берзанската цена на суровата нафта на ниво од 34 долари за барел. Лондонската затвори со 33,84, а слично ниво од 33,27 беше забележано и во САД.
Причини за ваквите движења на цената се сериозниот скок на американските резерви на бензин, и загриженоста на аналитичарите за можната побарувачка на кинеската економија, по повторната девалвација на јуанот, што предизвика загриженост за економскиот раст на скоро сите азиски економии.
Денешното отворање на берзите навестува закрепнување по стабилизирањето на кинеската валута и нејзината прва блага ревалвација во период од девет дена.
ОПЕК и Меѓународната агенција за енергија не очекуваат посериозно зголемување на побарувачката на нафта годинава. Во однос на минатогодишните 1,8 милиони барели дневно, побарувачката ќе се намали на скромни 1,2 до 1,25 милиони барели, што не ги задоволува апетитите на земјите производители, кои се соочуваат со сериозни буџетски проблеми.
Свето Николовски
