Двајца питомци од Воената академија на престижниот Универзитет Норвич

11.01.2016 12:42

Според министерот, течат разговорите со Универзитетот во Норвич за заеднички постдипломски студии за сајбер безбедноста, кои би биле исклучиво на англиски јазик.

Двајца питомци од воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ годинава еден семестар ќе студираат на „Норвич“, најстариот воен универзитет во САД. Во наредниот период се очекува и студенти од престижниот универзитет да престојуваат во државава. Образованието и обуката на припадниците на Армијата се приоритет за министерството, вели министерот за одбрана Јолевски.

„Соработката ќе се проширува и во други области, во науката, размена на професори, заеднички проекти финансирани од НАТО и други институции. Веќе средината на февруари во Охрид ќе се одржи напреден курс на кој предавачи ќе бидат професори од САД, Велика Британија, од НАТО..., со што ќе се даде импулс на соработката во областа на науката“, рече Јолевски.

Според министерот, течат разговорите со Универзитетот во Норвич за заеднички постдипломски студии за сајбер безбедноста, кои би биле исклучиво на англиски јазик.

Од осум кадети пријавени за размена, Никола Манев и Роберто Велковски да ги исполниле сите услови.