Хан во петок во Скопје
11.01.2016 12:49
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска го потврди доаѓањето на Хан во Скопје во петок...

Еврокомесарот Јоханес Хан дефинитивно ќе ја посети Република Македонија во петок, на 15-ти јануари, јави дописникот на МИА од Брисел.
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска го потврди доаѓањето на Хан во Скопје во петок, каде како што претходно таа соопшти, тој ќе разговара со сите засегнати страни околу спроведувањето на политичкиот договор со кој се стави крај на политичката криза во земјата.
