Инвестиции во студентските домови

21.01.2014 15:56

До крајот на месецов  треба да биде објавен тендерот со кој  етапно ќе се  реконструира  Блокот Б од студентскиот дом Гоце Делчев, кој неколку пати беше опожарен. Oд Министерството за образование информираат дека по реконструкцијата на овој студентски дом , се планира изградба и  модернизација  на уште неколку студентски објекти .

Во новата година ќе се решаваат старите проблеми . Министерството за образование планира да го урне Медицинар и на негово место да изгради нов објект .

Силвија веќе три години живее во Медицинар. За неа и нејзите колеги ова место стана втор дом. Велат дека условите за  живеење  не се во добра состојба , а  лошата миризба од тоалетите е неподнослива. Тврдат  станарите не внимаваат на  хигиената.

Надлежните за годинава најавија дека современи и модерни услови за живот ќе добијат и студентите од Стив Наумов. При крај е  изградба на новиот  објект каде што  ќе има место за  204 студенти.

Викторија Тодоровска

Снимател Влазним Власаку