Заминување на легендата: Почина Дејвид Боуви

11.01.2016 13:07

Веста за неговата смрт ја потврди синот Данкан Џоунс, кој од медиумите во Британија побара да ја почитуваат семејната приватност. Боуви починал мирно, во кругот на семејството...

Светската музичка легенда, Дејвид Боуви, почина на 69 годишна возраст, по 1,5 годишна борба со ракот. Веста за неговата смрт ја потврди синот Данкан Џоунс, кој од медиумите во Британија побара да ја почитуваат семејната приватност. Боуви починал мирно, во кругот на семејството. Смртта на Боуви доаѓа само неколку дена откако пред два дена на својот роденден го објави својот последен албум „Блекстар“.

Најраната песна со која се прослави беше синглот „Спејс Одити“ од 1969 година кој поради спуштањето на месечината доживеа огромен успех.

Дејвид Боуви е роден како Дејвид Роберт Хејворд Џонс на 8 јануари 1947 година во Лондон. Тој беше  британски пејач, текстописец, инструменталист, продуцент, аранжер,  актер, присутен на сцената полни пет децени. Беше познат по постојаното менување на музичкиот стил и имиџ, особено по 1970 година.

Неговиот најзначаен албум беше „Подемот и падот на Зиги Стардаст и пајаците од Марс“, со приказна за вонземјанин кој доаѓа на земјата.

Во 1980-те ја освои новата генерација со албумот „Let's dance“, од кој произлегоа хитовите како „China girl“ и „Мodern love“.

Покрај музика, се занимаваше и со актерство. Една од неговите највпечатливи улоги беше ликот на никола тесла во филмот „Престиж“ на познатиот режисер Кристофер Нолан.

Боуви остана активен до последните денови. Турнејата за албумот „Ријалити“ мораше да ја прекине поради помал Срцев Удар. Како што и самиот си признавал, хедонистички стил на живот го чинел неговото здравје.

 

Марина Автовска