Бензините и дизелот со пониска цена
11.01.2016 13:14
Цената на Еуросупер 95 ќе изнесува 61 денари, на 98- октанскиот на 63 денари, дизелот ќе се продава за 42,5 денари за литар.

Ново поевтинување на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар, дизелот за еден денар.
Цената на Еуросупер 95 ќе изнесува 61 денари, на 98- октанскиот на 63 денари, дизелот ќе се продава за 42,5 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 31,5 денари.
Поевтинува и мазутот. Од Регулаторната комисија велат дека малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 1,8 проценти.
