Димовски избран за претседател на Анкетната комисија за аферата со фалсификуваните документи
Претставници на СДСМ не присуствуваа на седницата и не предложија свои членови.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски е избран за претседател на Анкетната комисија што треба да ја расчисти аферата со фалсификувањето на личните карти, пасоши и други документи. Ваква одлука донесе Комисијата за изборите и именувањата откако беше побарано од сите пратенички групи да достават предлози. Претставници на СДСМ не присуствуваа на седницата и не предложија свои членови.
Потпретседател на Комисијата ќе биде Љупчо Димовски, член на Социјалистичката партија, а членови од владејачката партија ќе бидат Трајче Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Андон Чибишев и Драган Данев.
Талат Џафери и Ејуп Рустеми ќе ги претставуваат ДУИ, а Газменд Аљији е членот од ДПА. Како независен пратеник во работата на оваа Комисија е избрана Солза Грчева.
