Украина со ембарго против Русија

11.01.2016 13:53

Претходно претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин го потпиша указот за запирање на важноста на договорот за зона за слободна трговија со Украина од 1 јануари 2016 година.

Во Украина од денеска стапи на сила уредбата на владата, со која се воведуваат ограничувања во трговијата со Русија. Според уредбата објавена на сајтот на Владата на Украина, забраната се воведува во наредниве 7 месеци, односно до 5 август 2016, за увоз на царинската територија на Украина за „стоки со потекло од Руската федерација, согласно списокот“.

Претходно претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин го потпиша указот за запирање на важноста на договорот за зона за слободна трговија со Украина од 1 јануари 2016 година.

Указот беше потпишан, како што се објаснува „во врска со ексклузивните околности кои навлегуваат во интересите и економската безбедност на Руската Федерација, и кои бараа донесување итни мерки“.

Од своја страна, претседателот на Украина, Петро Порошенко, уште на 29 декември со посебен указ и дозволи на владата да воведе економски контрасанкции против Русија.