Конвои со хуманитарна помош за Мадан и Идлиб

11.01.2016 15:09

Камионите ќе влезат истовремено во градот Мадан, кој е под контрола на бунтовниците и кој со месеци е под опсада на владините сили, и во селата Фуа и Кафрај во провинцијата Идлиб, кои се опколени од бунтовничките борци.

Конвои со хуманитарна помош денеска ќе заминат од Дамаск кон градот Мадан на границата со либан и кон две села во северозападниот дел на Сирија, соопшти Црвениот крст, по постигнувањето договор со завојуваните страни во двата реона.

Камионите ќе  влезат истовремено во градот Мадан, кој е под контрола на бунтовниците и кој со месеци е под опсада на владините сили, и во селата Фуа и Кафрај во провинцијата Идлиб, кои се опколени од бунтовничките борци.

Според податоците на ОН, во трите населени места се блокирани илјадници луѓе, а забележани се и случаи на лица починати од глад.