Без уцени во евроинтеграцијата
Главната порака во извештајот е ,,почнување на преговорите со Европската унија без натамошно одложување и условување“, изјави за МТВ известувачот Ховит.
„Јас денеска упатив јасна порака до грчкото претседателство. Сите сме запознати со проблемот и пречките во врска со тоа, но јас апелирам грчкото претседавање со Европскиот совет да се претвори во предност, а не во пречка, и властите на двете држави да вложат искрени напори да се постигне решение за спорот и да се почне со преговарачкиот процес“, рече Ховит.

Во краткото интервју по завршувањето на гласањето на предлог-резолуцијата од страна на Комитетот за надворешни работи, Ховит објасни зошто во последниот предлог го употребил терминот „ултранационализам“ и на што конкретно се однесува таа фраза, како и за местото на кое ќе се најде придавката „македонски“ во финалната верзија на резолуцијата.
„Да, тоа постои во текстот, но не подразбира дека ултранационализмот постои во државата или пак дека некого обвинуваме за ултарнационализам, туку станува збор за предупредување за сите држави во пристапниот процес“, вели Ховит.
Мојот став е дека придавката „македонски“ е и ќе остане во резолуцијата, на точното место на кое ќе решам наредниве денови“, дополни Ричард Ховит, известувач на ЕП за Македонија.
По вчерашните жестоки реакции на неколку европски пратеници, промена има и во делот на текстот кој се однесува на двојазичното образование.
„Знаеме дека Македонија има свој службен јазик,и секако добро е да се учи и албански, но не на обврзувачки начин, како што беше во првичниот текст, сега тоа го отстранивме“, рече Давор Штиер, хрватски европратеник.
Не помина ни четвртиот компромисен амандман предложен од известувачот Ховит во кој беше наведено дека : „ЕП нагласува дека добрососедските односи се суштински столб на процесот на пристапување на земјата во ЕУ и ја повторува својата позиција дека билатералните прашања треба да се решат што е можно порано во процесот на пристапување, но затоа пак беше усвоен амандманот на хрватскиот европратеник Давор Штиер во кој се вели дека билатералните теми не смеат да го попречуваат евроинтегративниот пат на Македонија“.
Усвојувањето на резолуцијата од страна на сите европратеници е на дневен ред на пленарната седница на ЕП во Стразбур во февруари.
Марина Стојанова-Тонева постојан дописник на МРТ од Брисел