Кабинет на Иванов: Помилувањата се законски и транспарентни, Комисијата ќе се проширува
Од Кабинетот ги демантираат информациите дека во последните помилувања казната им е укината на педофили и убијци. За транспарентноста на објавувањето на помилуваните лица, посочуваат од Кабинетот на претседателот, говори и фактот што сите тие се објавени во службен весник, кој е достапен за сите.

По предлог на претседателот на државата ќе се прошири Комисијата за помилување со уште еден член, информираа од Кабинетот на првиот човек на државата, Ѓорге Иванов. Новиот член треба да дојде од редот на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Како што брифираат од Кабинетот, ваквата одлука доаѓа по шпекулациите во јавноста поврзани со последните помилувања. Велат дека помилувњата се пракса децении наназад и дека во Законот е предвидено за кои кривични дела казната не може да се намали или да се укине.
Од Кабинетот ги демантираат информациите дека во последните помилувања казната им е укината на педофили и убијци. За транспарентноста на објавувањето на помилуваните лица, посочуваат од Кабинетот на претседателот, говори и фактот што сите тие се објавени во службен весник, кој е достапен за сите.
Оттаму додаваат дека не можат да објавуваат целосни податоци за осудените лица, пред се поради тоа што во материјалите има и податоци кои подлежат на заштита според Законот за лични податоци, како и поради тоа што станува збор за акт и материјали изготвени од Министерството за правда.
