Законите за стечајците и за професионалните војници утре на Влада

21.01.2014 16:06

Министерството за одбрана го изготви законското решение со кое професионалните војници кои по навршените 45 години старост им престанува договорот во АРМ да може да се вработат во државните институции.Се очекува предлог законот да се разгледува на утрешната владина седница.И Министерството за труд и социјална политика изготвува предлог закон за месечен надомест од 7 100 денари за стечајците кои и по 2004-тата до 31 декември минатата година работеле во фирми со доминантен државен капитал,а отишле во стечај или во ликвидација.Како што најави минатата недела Премиерот Груевски,со ваквите решен

Министерството за одбрана го изготви законското решение со кое професионалните војници кои по навршените 45 години старост им престанува договорот во АРМ да може да се вработат во државните институции.Се очекува предлог законот да се разгледува на утрешната владина седница.И Министерството за труд и социјална политика изготвува предлог закон за месечен надомест од 7 100 денари за стечајците кои и по 2004-тата до 31 декември минатата година работеле во фирми со доминантен државен капитал,а отишле во стечај или во ликвидација.Како што најави минатата недела Премиерот Груевски,со ваквите решенија ќе се опфатат околу 7000 професионални војници и стечајни работници.

Милчо Велески