Вајгл, Ховит и Кукан на средби во Скопје
Торјцата европратеници се чини се претходница на доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан во петок. Главна тема на разговорите со партиите е исполнување на договореното во Пржино и одржувањето на изборите на 24 април.

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан во Скопје остварија средби со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, со лидерот на Социјал- демократите Зоран Заев, со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а треба да започне средбата со претседателот на ДПА Мендух Тачи.
Торјцата европратеници се чини се претходница на доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан во петок. Главна тема на разговорите со партиите е исполнување на договореното во Пржино и одржувањето на изборите на 24 април.
Како течеле разговорите кои се впечатоците на тројцата европратеници ќе слушнеме утре откако на прес конференција ќе излезат Вајгл, Кукан и Ховит. Дотогаш тројката ќе биде без изјави за медиумите.
Со средбата на европратениците и лидерот на ДПА, Тачи завршува нивната зацртана агенда за денеска. Утре би требало тие да се состанат со членовите на ДИК и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. По тие средби ќе ги слушнеме ставовите на тројцата пратеници.
Миле Ристески
