Дополнителни субвенции за развој на свињарството
Државата планира со дополнителни субвенции да им помага на сопствениците на свињарските фарми. Речиси секоја година со увоз на ефтино свинско месо нарушувањата на пазарот ги намалуваат цените на домашното производство...

Поради зголемениот увоз и помалата потрошувачка на свинско месо во зимските месеци фармерите трпат загуби. Годинава велат е најкритична и неможат да се справат со трошпците за одгледување на добитокот.
Од тие причини Министерството за земјоделство планира да обезбеди дополнителни субвенции кога има пад на побарувачката на свинското месо, односно во периодот од октомври до мај.
За гоеници потешки од 120 килограми, се планира сточарот да добие дополнителни 1.000 денари.
Финансиска поддршка се планира и за складирање на месото во ладилници.
Методија Трајков
