Осум години од трагичната хеликоптерска несреќа кај Блаце
Пред спомен-обележјето во касарната „Страшо Пинџур“ и на местото каде што се урна армискиот хеликоптер, венци и цвеќиња ќе положат делегации од Министерството за одбрана и генералштабот, од Кабинетот на претседателот, од Општината Петровец и најблиските на загинатите.

Денеска се одбележуваат осум години од трагичната хеликоптерска несреќа кај катлановско Блаце, во која загинаа 11 македонски мировници кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.
Пред спомен-обележјето во касарната „Страшо Пинџур“ и на местото каде што се урна армискиот хеликоптер, венци и цвеќиња ќе положат делегации од Министерството за одбрана и генералштабот, од Кабинетот на претседателот, од Општината Петровец и најблиските на загинатите.
Скопското обвинителство истрагата ја затвори кон крајот на 2011-та година, без кривична одговорност, со образложение дека необученоста на пилотите за управување во сложени временски услови и лошото време биле главните причини за уривањето на армискиот МИ-17.
За семејствата ваквиот наод е неприфатлив и бараат целосно расветлување на случајот.
