Вајгл, Ховит и Кукан на средби во ДИК и Специјалното обвинителство
12.01.2016 10:32
Потписниците на договорот едногласни во ставовите дека тој треба целосно да се исполни.

Европратениците Вајгл, Ховит и Кукан за денеска најавија изјава по вчерашните средби со 4-те најголеми политички партии на кои беа информирани за спроведувањето на договорот од Пржино.
Потписниците на договорот едногласни во ставовите дека тој треба целосно да се исполни.
Денеска претставниците на Европскиот парламент ќе имаат одвоени средби со специјалниот обвинител Катица Јанева и со претседателот и членовите на Државната изборна комисија.
