Денеска променливо облачно и ветровито, силниот ветер во Битолско предизвика штети

12.01.2016 10:36

Според прогнозата од УХМР, во западните планински делови на моменти ќе дува силен ветер од западен и југозападен правец, кој на моменти ќе достигне брзина и до 90 километри на час.

Во земјава преовладува променливо облачно и ветровито време. Според прогнозата од УХМР, во западните планински делови на моменти ќе дува силен ветер од западен и југозападен правец, кој на моменти ќе достигне брзина и до 90 километри на час.

Наместа се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

Силниот ветар изутрината во неколку села во битолско предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија. Педизвика повеќе штети на приватни и јавни објекти.