Сѐ е подготвено за Вевчанскиот карневал

12.01.2016 10:40

Карневалот традиционално се одржува на празникот Василица, на 13 и на 14 јануари. Жителите тврдат дека е стар еден и пол милениум.

Сѐ е подготвено за најголемиот европски фестивал на сатирата, познатиот Вевчански Василичарски карневал, кој годинава има атрактивна програма. Стара Нова година ќе биде пречекана и со богат огномет, најавуваат организаторите.

Карневалот  традиционално се одржува на празникот Василица, на 13 и на 14 јануари. Жителите тврдат дека е стар еден и пол милениум.

Во него се испреплетуваат пагански и христијански обичаи, иако во последно време не може да се избегне воведувањето современи карневалски елементи, особено во коментирањето на актуелните случувања.

Како дел од карневалот е и посебната музичка програма која ќе се одвива денеска и утре. Ќе настапат „Слаткаристика“, Есма Реџепова и Наум Петрески.

Вевчанскиот карневал  се одржува под покровителство на Министерството за култура.