Продолжува 85-тата Собраниска седница
Пратениците ја разгледуваат предлог-одлуката за избор на претседател; потпретседател и членови на Анкетната комисија за скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи.

Во Законодавниот дом,продолжение на 85-тата Собраниска седница. Пратениците ја разгледуваат предлог-одлуката за избор на претседател; потпретседател и членови на Анкетната комисија за скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи.
Според одлуката на матичната Комисија за избори и именувања, таа ќе брои 16 члена. За претседател е предложен координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, а за негов заменик Љупчо Димовски.
Опозицијата е против формирањето на Анкетната комисија и не номинира свои членови. Народните избраници ќе треба да се произнесат и по предлог-одлуката за разрешување на Виолета Дума како член на Државната изборна комисија.
