АУС ОПЕН- 9 ден

Слатка одмазда, Вавринка го прати на трибините Новак Ѓоковиќ

21.01.2014 16:10

Нема 4-ти во низ австралиски трофеј за вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Должникот од ланското 4-то коло Вавринка си наплати, овој пат во четвртфиналето. Покусо за еден час од маратонската 2013-тата, но исто по 5 одиграни сета и тоа по првата шанса која швајцарецот ја доби за два разлика .

Нема 4-ти во низ австралиски трофеј за вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Должникот од ланското 4-то коло Вавринка си наплати, овој пат во четвртфиналето. Покусо за еден час од маратонската 2013-тата, но исто по 5 одиграни сета и тоа по првата шанса која швајцарецот ја доби за два разлика .

Вавринка со влезот во австралиската 4-ка го прави и најголемиот свој  успех воопшто на грен слемовите. Наспроти него Србинот поразот го чини минус 5 000 бодови во АТП поредокот, доколку Надал го подигне годинешниот пехар.

Инаку можноста за испишување на соја историја и нова австралиска, Вавринка ќе се обиде да ја пишува преку Бердих кој бидна поуспешен како 7-ми рекет од третиот Ферер.

Вака Чехот и Шпанецот си ги заменија ланските улоги, Бердих конечно по три врзани четвртфиналиња успева да се дограби до полуфинале, затоа пак Ферер не успеа да го повтори ланскиот успех кога беше дел од завршната четворка.

Тениско уживање нуди и утрешниот ден за место во второто полуфинале. Рекетот број 4 Мареј против петкратниот некогашен освојувач и на три со ред претпоследни денови во Мелбурн 6-то рангираниот Федерер. Навидум лесна задача за утре има најдобриот во светот на тенисот Надал, чија пречка е бугаринот Димитров, 22-ри на листата во Мелбурн. 

Направи супер изненадување како 14-та носителка Ана Ивановиќ, ја исфрли од игра Серена Вилијамс за од денеска да биде и таа дел од публиката, откако потрфли и беше елиминирана од 30-тата, Бушар.

 Бушар со неполни 20 години го има својот дебитантски настап на Австралискиот турнир и како за сефте изоде сензационален пат до големата 4-ка, на пат на кој рака на срце, не наиде на некое позвучно или поголемо турнирско име.

Затоа во полуфиналниот круг оди на кинеската тенисерка На Ли, четврторанигирана и која досега прегази се што се најде пред неа. Така во 9-тиот ден на списокот на поразени ја впиша италијанката Пенета која четвртфиналниот дострел како 28-ма на турнирот, ќе го запише и како свој најголем во 11-тото партиципирање на пеколните терени во Мелбурн Парк.