БиХ: Уапсени три лица со знаме на Исламска Држава
12.01.2016 11:35
Ова е продолжение на полициската акција „Дамаск“ која има за цел откривање на лица за кои постои сомневање дека се поврзани со исламистичкиот тероризам.

Поплициските службеници од Босанската државна агенција за истрага и заштита уапсиле три лица кај кои било пронајдено оружје и знаме на Исламска Држава.
Ова е продолжение на полициската акција „Дамаск“ која има за цел откривање на лица за кои постои сомневање дека се поврзани со исламистичкиот тероризам.
Во акцијата биле пронајдени различни видови мини, големо количество муниција, мачети, знаме на Исламска Држава како и пластичен шаблон за цртање на симболите на терористичката организација.
