Русија негира дека бомбардира цивили во Сирија
Сириската опсерваторија за човекови права тврди дека во тој напад загинале 12 деца и тројца возрасни, и дека уште најмалку 20 биле ранети.

Русија ги отфрла обвинувањата од сириската опозиција дека бомбардира цивили и дека во воздушните напади на нејзината авијација на северот од Сирија е погодено училиште при што загинале 12 деца.
Сириската опсерваторија за човекови права тврди дека во тој напад загинале 12 деца и тројца возрасни, и дека уште најмалку 20 биле ранети.
Меѓудругото, организацијата ја обвини Москва и за убивањето деца во областа Алепо, додавајќи дека таквите акции значат дека опозицијата не може да преговара со сириската влада.
Францускиот претседател Оланд изјави дека сирискиот претседател Асад нема иднина и повика да се обезбеди хуманитарна помош за градовите под опасада.
