За 24 часа издадени нови 1.964 потврди за азил

12.01.2016 11:42

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 983, Авганистан- 679 и Ирак- 299.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.964 странски државјани, од кои 847 се од машки пол, 436 се од женски,  676 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и пет деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 983, Авганистан- 679 и Ирак- 299.

Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 20.677 странски државјани, од кои 8.686 се од машки пол, 4.394 се од женски, 7.517 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 80 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 8.887, Авганистан- 7.669 и Ирак- 4.117.

Во истиот период до Секторот  за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.