Обвинителството бара од Албанија да и врати 20 икони на Македонија

12.01.2016 12:27

Албанската полиција во акцијата наречена „Икона“ во 2013 година, заплени поголем број на икони и црковни предмети.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција преку Mинистерство за правда, до надлежниот суд во Тирана, поднесе официјално барање за враќање на 20 икони со непроценлива вредност, сопственост на Република Македонија.

Албанската полиција во акцијата наречена „Икона“ во 2013 година, заплени поголем број на икони и црковни предмети.

Според информациите, 20 од запленетите икони не потекнуваат од Република Албанија и постои можност истите да се одземени од цркви и манастири лоцирани во западниот дел на државава, бидејќи членовите на криминалната група вршеле криминални активности и на територијата на нашата земја.

Наши експерти извршија увид во запленетите икони и подготвија стручен наод и мислење во кој беше утврдено дека 20- те икони се оригинални.