Расте бројот на странски и на домашни туристи

12.01.2016 12:52

Домашните туристи во ноември 2015 година, во однос на истиот месец во 2014-та, бележат пораст за 18,3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12,2%.

За 14,6 проценти пораснал бројот на туристите во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16,5%, покажуваат податоците на Државната статистика.

Домашните туристи во ноември 2015 година, во однос на истиот месец во 2014-та, бележат пораст за 18,3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12,2%.

Во истиот период евидентирано е и зголемување на бројот на ноќевањата на домашните туристи за 26,2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8,8%.

Во периодот јануари-ноември 2015 година, споредено со истиот период претходната година, бројот на туристи бележи раст за 10,3%. Кај домашните има зголемување за 5,4%, а кај странските туристи има зголемување од 13,9%.

Во истиот период пораст од 8,7% има и кај ноќевањата.