Метео: Утре слаби врнежи од дожд

12.01.2016 13:28

На повисоките места се очекуваат врнежи од дожд и од снег, а на планините само од снег.

Утрешниот ден во Македонија ќе донесе променливо облачно време со слаби врнежи од дожд во делови од земјава.

На повисоките места се очекуваат врнежи од дожд и од снег, а на планините само од снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец особено во западните планински предели.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска