30 стипендии за студенти Роми

12.01.2016 13:47

Предност при изборот ќе имаат Ромите кои студираат на факултети што продуцираат наставен кадар затоа што тој е дефицитарен во образованието на ромски јазик.

Објавен конкурс за доделување 30 стипендии за редовни студенти од Ромска националност запишани на додипломски студии на државните и приватните универзитети во академската 2015/2016-та година.

Десет од нив ќе им бидат доделени на Роми запишани во прва година на студии, а 20 стипендии се наменети за редовни студенти Роми кои се запишани во втора и во повисоките години на студирање. Стипендијата од пет илјади денари ќе се исплаќа за девет месеци во текот на годината.

Предност при изборот ќе имаат Ромите кои студираат на факултети што продуцираат наставен кадар затоа што тој е дефицитарен во образованието на ромски јазик.

Со ова, МОН го заокружува стипендирањето на припадници на ромската етничка заедница во сите степени на образование, откако се покажале позитивни резултатите од стипендирањето на средношколци Роми во изминатите неколку години, зашто се зголеми нивната вклученост во средното образование.