Kазни за неисплаќање на минимална плата

21.01.2014 16:15

Од март ќе расте минималната плата. Со чести контроли на работодавачите надлежните ќе го подобруваат стандардот на работниците. 1185 претпријатија се опоменати за неневремена исплата. 15 проценти од фирмите досега не исплаќале минимална плата. Тешко оди казнувањето на газдите кои бараат вработените да им вратат дел од платата.

Може да се докаже само ако стигне поплака од работник, а такви поплаки стигнуваат во мал број. Најчесто, се откажуваат пред да се почне постапката. - Диме Спасов, министер за труд и социјална политика

Инспекторите и синдикалците ќе помагаат работниците да го добијат она што им е загарантирано со закон.

Најавуваме исклучителна борба во делот на спроведување на минималната плата. - Живко Митревски, претседател на ССМ

Законското решение, за 7 дена ќе се најде на седница на Економско-социјалниот совет.

Со оваа динамика на тригодишно зголемување ќе се дојде до износ од 10 .080 денари кој ќе придонесе за зголемување на животниот стандард на вработените во приватмниот сектор, а индиректно ќе вилијае за зголемување на платите во јавниот сектор. - Виолета Спасовска, КСС

Во дејностите производство на текстил, облека, обувки, кожа и кожени производи платата во март ќе се зголеми до 7500 денари, а до март 2018 ќе се изедначи со минималната плата во другите сектори и ќе изнесува10.080 денари.

Наташа Јанчиќ