10 месеци затвор за негувателката што малтретираше старица од Скопје
Обвинетата ја признала вината, а за модриците кои ги имала старицата тврдела дека не се од неа, туку од не можноста да стане од кревет, постојано паѓала и се удирала.

Десет месеци затвор доби негувателката која ја малтретираше 84-годишната болна и тешко подвижна старица. Судењето заврши во едно рочиште.
Обвинетата ја признала вината, а за модриците кои ги имала старицата тврдела дека не се од неа, туку од не можноста да стане од кревет, постојано паѓала и се удирала.
Семејството не побарало оштета. За ова кривично дело предвидена е затворска казна од шест месеци до три години. Обвинителството до правосилноста на пресудата побарало обвинетата да остане во притвор поради немањето постојано живеалиште.
Малтретирањето на старицата беше откриено минатиот месец, кога синот ги видел снимките од виедонадзорот кој бил поставен во станот на неговата мајка.
