Нема загинати нути повредени македонски државјани во нападот во Истанбул
Во нападот што се случи на плоштадот „Султан Ахмет“, каде што вообичаено има многу туристи, 10 лица го загубија животот а 15-тина се повредени, меѓу нив и странски туристи.

Македонскиот конзулат во Истанбул со внимание ја следи ситуацијата. Генералниот конзул Абаз лично на терен. За МТВ вели дека нема загинати ниту повредени македонски државјани.
„Во денешниот самоубиствен бомбашки напад во Истанбул меѓу загинатите и повредените нема македонски државјани. Тоа се податоците со кои располагаме, сите наши телефонски линии се достапни доколку има барање за некаква помош од нашиот конзулат. Стоиме на располагање“, изјави генералниот конзул Абаз.
Во нападот што се случи на плоштадот „Султан Ахмет“, каде што вообичаено има многу туристи, 10 лица го загубија животот а 15-тина се повредени, меѓу нив и странски туристи.
Во обраќањето до нацијата претседателот на Турција, Ердоган рече дека нападот го извршил бомбаш самоубиец, што дошол од Сирија, поврзан со Исламската држава.
